The personal experience of a Couple from North Macedonia
После осум години неуспешна борба за потомство, години во кои се сумирани пет несупешни ивф обиди, безброј анализи, терапии, хистеро и лапароскопии, години на надеж, болка, разочарување, исчекување и милион прашања зошто баш ни, години во кои ги помиваме сите клиники во Македонија, одлучивме да направиме поинаков чекор, нашиот сон да го побараме надвор.
Следеа истражувања на интернет за тоа кои се најдобри клиники за нашиот проблем, па така наидовме на неколку опции за клиники во Чешка, Шпанија Турција. Дури имавме и online консултации.
Една вечер додека бев на мојот Fb профил се појави промо видео за клиника во Солун, New Life. Ја посетив нивната интернет страна, ги видов можностите кои ги нудат, без двоумење им пишав и за зачудувачки кратко време, добивме повратен e-meil од координаторката Елена, која го зборува македонскиот јазик за термин за прва бесплатна консултација.
Уште на првата консултација со доктор Chorozoglu почувствувавме дека конечно сме на вистинското место. Детално беше разгледана нашата медицинска документација, врз основа на која и ни беа презентирани опциите кои ги имаме и шансите за успех. Со оглед на нашата историја и мојата возраст, не се двоумевме долго и ја одбравме опцијата за донирани јајце клетки.
Следеше и првиот преглед на клиниката на кој при средбата со докторот почувствуваме огромна сигурност. Не упати низ секој чекор, и ни даде чусвтво дека не сме само пациенти туку луѓе чии соништа се важни.
Од овој момент натаму низ процесот не водеше прекрасната Елена, секогаш полна со трпение, достапна во секое време да ни одговори на сите наши прашања и да ги смири стравовите.
Процесот течеше брзо и организирано. Секој чекор беше внимателно воден, со грижа и искреност.
На клиниката владее мирна, тивка и пријатна атмосфера. Персоналот љубезен и посветен. Имате чувство дека сте дел од некое семејство.
Координаторите ви пристапуваат дискретно, насмеани, љубезни и тивко ќе ве водат кон тоа што ве чека како следен чекор.
Дополнителна предност за нас беше тоа што оваа клиника е блиску до Македонија, што го прави целиот процес полесен и поудобен. Градот нуди прекрасни места за шопинг, храна, рагледување...Едно целосно уживање.
А тука е и најважниот момент од нашата приказна - после првиот трансфер на оваа клиника го добивме позитивниот тест. Денес веќе сум 11 недела од бременост која е без никаков проблем, чувство кое не може да се опише со зборови.
На New Life, доктор Chorozoglu, Елена и целиот тим им го должиме нашето чудо. Од срце ја препорачуваме клиниката на секој кој се бори со истата болка и надеж. Ние сме неизмерно благодарни и пресреќни.